34.8 C
Skopje
вторник, јуни 11, 2024

Изјава на претседателката Сиљановска Давкова на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествуваше на Конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Берлин.

Претседателката Сиљановска Давкова за време на своето учество на конференцијата ја истакна потребата за нов вид Маршалов план за разрушената Украина и неопходноста за инвестирање не само во патната и во енергетската инфраструктура, туку и во човечката, образовна, социјална и нормативна инфраструктура.

Обновата на Украина, според претседателката Сиљановска Давкова е и обнова на европската и на светската солидарност и емпатија.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази надеж дека македонската и украинската иднина ќе биде во Европската Унија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести