35.8 C
Skopje
вторник, јуни 11, 2024

Агелер кон Мицкоски: Вашето присуство дава многу важна порака

Енергетската сигурност и зелената енергија се два суштински приоритета што треба да ги надминат партиските политики, рече денес амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер, во обраќањето на седмиот Македонски енергетски форум.

Таа нагласи дека енергетската сигурност и зелената енергија како приоритети се од витално значење и за земјата и за регионот.

Агелер смета дека Македонија има многу соларна енергија, голем хидропотенцијал, како и голем потенцијал за ветерници, кои може да бидат употребени при транзицијата, а САД може да помогнат во тоа не само на владата и на граѓанските организации туку и на приватниот сектор, односно на компаниите на кои им требаат партнерски инвестиции и поттик за внесување иновации, производи, технологии и индустрии што водат кон чиста енергија.

Амбасадорката Агелер во воведното обраќање на форумот го поздрави Христијан Мицкоцки нарекувајќи го иден премиер на земјата и нејзин пријател.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести