5.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе биде формирана согласно уставните рокови откако Мицкоски ќе го добие мандатот

На ден пред истекот на крајниот рок се очекува претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова да му го додели мандатот за формирање на нова влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека владата ќе биде формирана согласно уставните рокови, а од коалицијата „Вреди“, со која ВМРО-ДПМНЕ преговара, очекуваат за три до четири дена да има конечен договор.

Рокот за доставување на мандатот завршува в петок, на 7 јуни, откога почнуваат да течат дваесетте дена за формирање на владата.

-Можно е и порано да се додели мандатот. Се зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините, изјави вчера претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова во одговор на новинарско прашање пред почетокот на панел дискусијата „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација”.

Во меѓувреме, течат преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ за формирање на новата влада. Иако поделбата на ресори веќе е објавена и неофицијално се споменуваат имиња на новите министри, сепак, се уште нема официјална информација кога ќе биде финализиран конечниот договор за формирање влада.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести