Кандидатури за претседател на СДСМ во текот на денешниот ден се очекува да поднесат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска.
Кандидатура ќе поднесе и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски откако денеска пред медиумите ќе ја претстави својата програма.
-Нов почеток, нов СДСМ е програмата со која ја барам поддршката за претседател на СДСМ. Во фокусот на оваа програма се луѓето. Оваа програма обединува, а не фаворизира, и во која ќе има место за сите предлози и идеи на луѓето кои искрено ќе се вложат новиот СДСМ да го изгради интегритетот и стекне местото што го заслужува, стои во поканата за прес-конференцијата на Деспотовски.
Во медиумите како можен кандидат за лидерското место во СДСМ се споменуваше и актуелниот директор на Царинската управа Стефан Богоев, но досега нема официјална потврда.
