8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Во Њу Делхи измерена рекордна температура од 49,9 степени Целзиусови

Температурите во главниот град на Индија вчера се искачија на рекордно високи 49,9 степени Целзиусови, соопшти владиното метеоролошки биро.

Индискиот метеоролошки оддел (ИМД), кој извести за „услови со тешки топлотни бранови“, ги забележа температурите на две станици во предградијата на Делхи во Нарела и Мунгешпур. Синоптичарите најавуваат слични температури и денеска.

Во мај 2022 година, делови од Делхи достигнаа 49,2 степени Целзиусови (120,5 Фаренхајти), објавија тогаш индиските медиуми.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести