Десетици луѓе се жртви на екстремните горештини што погодија поголем дел од Мексико во неколку сојузни држави во изминатите неколку недели, објави Министерството за здравство на земјата во извештај, предвидувајќи уште повисоки температури во наредните денови.
Мексико е подложен на временски феномен под висок притисок, познат како „топлинска купола“, кој зароби топол воздух над поголемиот дел од државата, создавајќи рекордни температури кои на некои места надминаа 45 степени Целзиусови.
Причините поврзани со горештините ги однесоа животите на 22 лица меѓу 12 и 21 мај, според прелиминарните податоци споделени од Министерството за здравство на Мексико.
