16.8 C
Skopje
понеделник, јуни 3, 2024

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Земјите-членки на Европската унија денеска го одобрија законот кој има за цел усогласување на правилата за вештачка интелигенција, таканаречениот Закон за вештачка интелигенција. Тоа е прв акт од ваков вид во светот, кој може да постави глобални стандарди за законодавството за вештачка интелигенција, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Новиот закон има за цел да ги поттикне приватните и јавните актери да развијат и усвојат безбедни и сигурни системи за вештачка интелигенција на единствениот пазар на ЕУ.

Во исто време, се стреми да обезбеди почитување на основните права на граѓаните на ЕУ и да ги поттикне инвестициите и иновациите во областа на вештачката интелигенција во Европа.

Законот за вештачка интелигенција се однесува само на области опфатени со правото на ЕУ и предвидува исклучоци во случај на системи кои се користат исклучиво за воени и одбранбени цели, како и за истражувачки цели.

Според законот, различните форми на вештачка интелигенција се категоризираат според ризикот.
Така, како што е наведено, системите за вештачка интелигенција кои претставуваат ограничен ризик би биле предмет на многу благи обврски во однос на транспарентноста, додека системите со висок ризик би биле одобрени под услов да исполнуваат голем број барања и обврски за пристап до пазарот на ЕУ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести