19.8 C
Skopje
понеделник, јуни 3, 2024

Цеца: Вељко и Анастасија од мали ги учам да бидат свои, а не копија на Аркан или мене

Пејачката Цеца Ражнатовиќ вели дека Вељко и Анастасија од мали ги учела да бидат свои, а не копија на Аркан и нејзина. Фолк ѕвездата е горда на своите наследници што пораснале во добри и васпитани луѓе, притоа и успешни, што не било лесно, бидејќи се деца на познати родители.

– Секогаш му зборував на Вељко дека несмее да дозволи да го споредуваат со таткому. Му реков: Колку што знам, тој е Жељко, а ти си Вељко“. Тоа исто важи и за Таша, јас сум Цеца, а таа е Анастасија. За нејзе не е комплимент кога ќе кажат: “Оваа малечка е иста Цеца“. Секој си има свој пат, една е Цеца веќе постои, нема потреба за друга – вели пејачката и додава дека Анастасија ги прифаќа нејзините совети.

– Се она што им зборував очигледно вродило плод бидејќи мојата ќерка поради тоа несака да снимиме дует. Се надевам дека сепак ќе ја убедам да ги вкрстиме гласовите. Целосно ја разбирам што е против тој дует, бидејќи ќе не споредуваат. Кога ја започнуваав кариерата, најголеми ѕвезди беа Лепа Брена, Весна Змијанац и Драгана Мирковиќ, но јас никогаш несакав да бидам една од нив. Се трудев да бидам и останам само своја.

Цеца верува дека Анастасија ќе направи добра кариера, слична на нејзината, и дека еден ден ќе запее пред полна Маракана или Ушќе. Тоа би ми била животна награда. Секој родител сака детето да го надмине. Ако некогаш закаже голем концерт, ќе бидам во организација за се и ќе и помогнам колку можам.

Цеца вели дека децата ја критикуваат единствено кога не им се јавува на телефон. – Да отпатувам на Фиџи и да нема домет, Вељко и Анастасија ќе ме пронајдат. Таша би ми рекла “Жено, зошто не ми одговараш, што е со тебе?“, а Вељко: “Светлана, навистина не е во ред да ме игнорираш“. Жал ми е што повеќе неможам да патувам, бидејќи имам доста обврски. Искрена да бидам веќе ми е мака од авиони и хотели. Желна сум за домашна атмосвера – завршува Цеца

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести