8.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Пендаровски: Нема простор за малодушност, на 8 мај се решава изборниот победник

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски денеска на средби со граѓани во општина Штип порача дека осми мај е клучниот датум кога ќе се решава дали државата ќе продолжи напред или ќе се врати во некој нов режим.

„На осми мај мора да направиме максимална мобилизација за да спречиме враќање на режимот. По сите специфики, политички, логистички и други, тие ќе бидат режим број два и потоа, нема да има демократски избори. Ви гарантирам дека значајна бројка од нашите потенцијални гласачи, чекаше втор круг да го даде својот глас, бидејќи на осми мај дефинитивно се решава изборниот победник“ посочи Пендаровски.

Пендаровски повика дека нема простор за малодушност, туку дека на осми мај демократска Македонија мора да направи демократска револуција.

„Да не дозволиме Македонија да влезе во долгиот тунел на режим број 2, кој ќе трае може и 10 или 15 години. Демократска Македонија мора да направи демократска револуција на осми мај и со заокружување на бројот еден да направи мнозинство кое ќе дозволи државата да продолжи да оди по овој пат. Сѐ друго е ризик, сѐ друго е непотребна авантура“ порача Пендаровски повикувајќи ги граѓаните да дадат поддршка за бројот еден.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести