1.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Путин во посета на Кина во мај

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека планира да ја посети Кина во мај, пренесуваат странските агенции.

Патувањето најверојатно ќе биде прва посета на странство во новиот шестгодишен мандат на Путин по изборите во март. Тој последен пат ја посети Кина во октомври 2023 година.

Путин потпиша договор за партнерство „без граници“ со кинескиот претседател Си Џинпинг во февруари 2022 година, помалку од три недели пред да испрати војници во Украина.

Како што наведуваат агенциите, дипломатските и трговските врски со Пекинг станаа уште поважни за Москва бидејќи западните сили ја погодија со последователни бранови на санкции од почетокот на војната.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести