16.8 C
Skopje
петок, мај 10, 2024

Кралот Чарлс даде согласност за законите кои се клучни за планот на премиерот Риши Сунак да испрати баратели на азил во Руанда

Британскиот крал Чарлс даде согласност за законите кои се клучни за планот на премиерот Риши Сунак да испрати баратели на азил во Руанда.

Кралската согласност е последната фаза во законодавниот процес и практично ја означува одлуката донесена од парламентот оваа недела да го одобри нацртот по долгата битка меѓу владата и противниците на планот.

Кралската согласност беше објавена денеска во Домот на лордовите, што значи дека Законот за безбедност (азил и имиграција) сега ќе стане закон.

Парламентот го усвои законот во вторникот во раните утрински часови. Сунак во понеделникот рече дека очекува првите летови за Руанда да се реализираат за 10 до 12 недели откако ќе биде усвоен законот. Законот предвидува секој барател на азил кој ќе пристигне во Велика Британија илегално да биде испратен во Руанда според шемата за која владата вели дека ќе го спречи преминувањето на Ламанш и ќе ја разбие сегашната шема на шверц на луѓе.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести