6.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Макрон: Постои ризик Европа да умре

Макрон истакнал дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.

Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.

Тој исто така истакна дека ЕУ мора „да воспостави дијалог со земјите од Третиот свет и да покаже дека не е вазал на Соединетите Американски Држави“.

Тој исто така посочи дека Европа мора да стане свесна за фактот дека не е доволно вооружена пред, како што рече, глобалните закани, како што е руската војна во Украина.

Макрон истакна дека моделот на економски раст на ЕУ мора да се промени бидејќи сегашниот не е одржлив и дека ЕУ заостанува во „глобален контекст во кој се доведуваат во прашање принципите на слободната трговија“.

Тој додаде дека Брегзит е „експлозија чии негативни ефекти значат дека денес никој не треба да се осмели да предложи напуштање на Европа“.

Макрон предупреди дека европската бирократија може да биде „премногу комплицирана“ и дека неодамнешните протести на европските земјоделци и нивниот „гнев не беше против ЕУ, туку против регулативата, сложеноста“.

Макрон посочи дека ЕУ мора да ја зајакне домашната воена индустрија, да формира европска воена академија за обука на европски војници, да ги зајакне своите капацитети за сајбер безбедност, но и да ја врати прекинатата врска со Велика Британија.

„Еден од проблемите што ги имаме ние Европејците е тоа што сме поделени кога станува збор за одбранбената индустрија. Нашата поделба е слабост што ја доживеавме на суров и конкретен начин за време на војната во Украина“, рече Макрон, додавајќи дека  е невозможно да изгради „европски суверенитет и автономија“ без силна воена индустрија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести