Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го повтори ставот на официјален Париз дека е неопходно да се избегне ескалација на Блискиот Исток.
Тој, исто така, рече дека е важно и спротивставувањето на напорите на Иран да го дестабилизира регионот, објави Елисејската палата.
