15.8 C
Skopje
среда, мај 22, 2024

Преку 37.000 лица се исчезнати од почетокот на руската инвазија во Украина

„Речиси 37.000 лица исчезнаа, вклучувајќи деца, цивили и војници. Оваа бројка може да биде уште поголема“, напиша украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец на својот профил на Фејсбук.

Од почетокот на руската инвазија, на 24 февруари 2022 година, загинаа неколку десетици илјади лица, цивили и војници, но не постои општа проценка утврдена од сигурни извори.

Процедурите за идентификација на загинатите и исчезнатите може да траат неколку месеци.

Украинската и руската армија само во ретки прилики објавуваат биланс на загинати војници.

Не е познат и бројот на цивилни жртви бидејќи нема сигурни информации на териториите окупирани од Русија од почетокот на инвазијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести