1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Германија со построга политика кон мигрантите

Трите парламентарни групи на коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц се договорија за нацрт-законот што ќе оди на гласање во Долниот дом на парламентот, откако Зелените го поддржаа нацртот по неколкумесечни преговори.

Сојузните покраини на Германија, од кои некои самостојно воведоа такви потрошувачки картички, се залагаа за законодавство на национално ниво.

Картичката, дизајнирана да ги контролира средствата на барателите на азил и да спречи трансфер на пари во странство, долго време се дискутира како начин за намалување на паричните трошоци, за кои коалицискиот партнер Слободни демократи (ФДП) веруваат дека ги мотивираат мигрантите да дојдат во Германија.

Канцеларот Шолц и неговите социјалдемократи (СПД) се обидуваат да го намалат бројот на баратели на азил со цел да ја намалат поддршката од гласачите за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести