-4.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Нов раст на цените на златото

Цените на златото пораснаа под влијание на ескалацијата на геополитичките тензии на Блискиот Исток. На физичкиот пазар цената на унца злато порасна за 0,4 отсто на 2.260,7 долари. На американскиот пазар фјучерсите на златото поскапеа за 1,1 отсто, на 2.281,15 долари за унца.

Се верува дека инвеститорите биле поттикнати да купат злато од израелскиот воздушен напад врз иранскиот конзулат во сириската престолнина Дамаск, во кој загинаа висок ирански воен командант и неколку дипломати.

На трговијата во текот на денот би можеле да влијаат и податоците за нарачките во американската индустрија во февруари и оставката на функционерот на американската централна банка.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел треба да одржи говор в среда.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести