Дрогата била откриена при рутинска проверка на пристаништето Санта Марта, објави Дејли Меил.
Дрогата, чија улична вредност во САД е околу 50,8 милиони долари, била наменета за Сетубал, пристаниште кое се наоѓа јужно од португалскиот главен град Лисабон.
Портпаролот на полицијата изјави дека кокаинот веројатно припаѓа на кланот Глуф, еден од најмоќните нарко картели во земјата.
Нејзиниот поранешен лидер, Дарио „Отониел“ Усуга, бил уапсен во октомври 2021 година и екстрадиран во САД во мај 2022 година.
Во јануари 2023 година, тој се изјаснил за виновен пред федералниот судија во Њујорк за шверц на 110 тони кокаин и бил казнет со 216 милиони долари. Тој во август минатата година бил осуден на 45 години затвор.
Полицијата во Колумбија соопшти дека од почетокот на годината заплениле 80 тони кокаин.
Јужноамериканската нација е најголемиот производител на кокаин, а нејзината влада се соочува со постојан притисок од САД да го ограничи нејзиното производство.
Според Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, посевите на кока во Колумбија опфаќале 568.000 хектари во 2022 година, последната година за која биле достапни податоци, што е за 13 отсто повеќе од 2021 година.
