Андреј Пленковиќ денеска по седницата на претседателството на ХДЗ на прес-конференција изјави дека Зоран Милановиќ нема да биде премиер по следните избори, пренесува Index.hr.
На изјавата на новинарот дека претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денеска повторно изјавил дека ќе биде премиер, Пленковиќ рече дека тоа нема да се случи.
„Што се однесува до надлежните за спроведување на изборите, ДИК и Уставниот суд, очекувам да се соопштат, идниот премиер сигурно нема да биде тој, ќе предложиме иден мандатар, а според атмосферата што ја гледам во Хрватска тоа треба да бидам јас“.
Тој беше прашан и за изјавата на Милановиќ дека Колинда Грабар Китаровиќ водела кампања на митинзи организирани од ХДЗ.
„Мислам дека тоа не е точно. Не се сеќавам дека била на предизборни состаноци на ХДЗ. Апсолутно не се сеќавам на такви ситуации“, рече Пленковиќ.
