8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Трамп верува дека е можно Путин да е вмешан во смртта на Навални

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека верува оти е можно рускиот претседател Владимир Путин да е вмешан во смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

„Не знам, но можеби, мислам можно, би можел да кажам веројатно, не знам. Тој беше млад човек, па статистички ќе беше жив долго време, веројатно е дека се случило нешто што беше необично“, рече Трамп во интервјуто за Фокс њуз.

Трамп, исто така, постојано вети дека ќе ја прекине помошта за Украина и ќе го принуди Киев да седне на преговарачка маса со Русија, а како што пишува Политико, тој став ја подгрева вознемиреноста кај западните сојузници дека републиканскиот кандидат би можел да добие втор мандат во ноември. се надева дека нема да мора да избира меѓу руска победа во Украина и испраќање помош во Киев и посочи дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку тој беше претседател кога избувна конфликтот во февруари 2022 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести