12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

СДСМ: Со Пендаровски граѓаните добиваат членство во ЕУ со Силјановска изолација

Со Пендаровски граѓаните добиваат членство во ЕУ, со Силјановска изолација и враќање назад. Тоа е изборот што им се нуди на граѓаните на претстојните претседателски избори.

Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.

Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања, кои никогаш не ги остварува.

Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести