Германскиот канцелар Олаф Шолц го повтори својот став дека нема да има испорака на германски крстосувачки ракети Таурус во Украина.
„Јас сум канцелар“, рече шефот на федералната влада откако се појавија снимки од разговори меѓу високи германски воени функционери кои разговараат за испраќање токму на овие проектили во Украина.
Според Шолц, можно е да се користи Таурус „само“ со испраќање германски војници во Украина и „тоа е апсолутно исклучено“.
