-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Градоначалникот на Лондон ја повика британската влада итно да донесе одлуки за заплена и продажба на имот во сопственост на Руси поврзани со Путин

Градоначалникот на Лондон Садик Кан ја повика британската влада итно да донесе одлуки за заплена и продажба на имот во сопственост на Руси поврзани со рускиот претседател Владимир Путин и да ги насочи приходите кон оние на кои им треба, вклучително и бегалците од Украина.

Во писмото до британскиот секретар за домување Мајкл Гоув, Кан рече дека владата треба да дејствува итно и да овозможи заплена и продажба на имотот што им припаѓа на „пријателите на Путин“, објави Би-Би-Си.

Градскиот совет предложил во Лондон да се изградат 4.000 домови од приходите од продажбата на имотот поврзан со Кремљ.

Според новата анализа на градското собрание, доколку имотот купен во Лондон од Руси обвинети за корупција или поврзани со Кремљ биде продаден, а чија вредност, според Транспаренси Интернешнл, била околу 1,28 милијарди во 2022 година, тоа би обезбедило доволно средства за повеќе од 4.000 прифатливи домови.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести