9.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци

Годишната стапка на инфлација во Турција во јануари се забрза на 64,86 отсто од 64,77 отсто во декември, објави турскиот институт за статистика – Туркстат на почетокот на месецот.

Инфлацијата во Турција е највисока во последните 14 месеци.

Гувернерката на Централната банка на Турција (ТЦМБ), Хафизе Гаје Еркан, неочекувано поднесе оставка на почетокот на февруари од лични причини, а за нејзин наследник беше назначен Фатих Карахан, кој рече дека ќе продолжи со цврста монетарна политика, пишуваат медиумите.

ТЦМБ на крајот на јануари ја покачи референтната каматна стапка од 42,5 на 45 отсто, а денеска соопшти дека одлучиле да ја задржат.

Претходно, почнувајќи од јуни 2023 година, банката осум пати по ред ја зголеми референтната каматна стапка за вкупно 3.650 базични поени.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести