11.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Џонсон побарал милион долари од американскиот новинар Такер Карлсон за интервју

Поранешниот премиер на Велика Британија Борис Џонсон побарал милион долари од американскиот новинар Такер Карлсон за интервју во кое ќе го разјасни својот став за конфликтот во Украина.

Карлсон го откри тоа во интервју за порталот „Блаз“.

– Борис Џонсон ме нарече „оружје на Кремљ“ или нешто слично. Испратив барање за интервју со Борис Џонсон. Еден од неговите советници ми одговори: „Ќе разговара со тебе, но тоа ќе чини милион долари. Тој сака милион американски долари во злато или биткоини. Тоа се случи пред ден-два – изјави Карлсон.

Тој објасни дека Џонсон само се согласил да разговара со него за Украина под такви услови и да ја објасни својата позиција.

– Ме напаѓа без да објасни зошто грешам и зошто е во право. А тоа го прави човек кој на барање на американската влада спречи мировен договор во Украина пред година и пол и кој верувам дека е одговорен за смртта на стотици илјади луѓе. И ништо од тоа нема да ми објасни во интервјуто додека не му платам милион долари – рекол новинарот

Карлсон заклучил дека интервјуто го зел од претседателот на Русија Владимир Путин и додал дека не го штити рускиот претседател  и дека Путин не му побарал милиони долари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести