7.8 C
Skopje
понеделник, март 4, 2024

Британскиот крал Чарлс Трети по првпат се појави во јавност откако беше објавено дека има рак

Жителите на тоа село го виделе кралот додека шетал пред црквата Света Марија Магдалена во Сандрингам, објави Би-Би-Си.

Тој вчера и се заблагодари на јавноста за „поддршката и добрите желби“ откако беше објавено дека боледува од рак. Кралот Чарлс рече дека сите заболени од рак знаат дека таквите желби се „најголема утеха и охрабрување“.

Палатата во понеделникот објави дека на Чарлс (75) му бил дијагностициран облик на рак, помалку од 18 месеци од неговото владеење.

Чарлс престојува во имотот Сандрингем во Норфолк за време на неговото лекување и во меѓувреме му предаде некои јавни должности на својот син, принцот Вилијам, но ќе продолжи да ја води официјалната документација.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести