7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Нетанјаху: Израел нема да ги повлече своите сили од Појасот Газа или да ослободи илјадници палестински затвореници

Премиерот на овој начин ја отфрлил веродостојноста на медиумските извештаи, според кои постојат услови за можно примирје со радикалното палестинско движење „Хамас“.

-Нема да ја завршиме оваа војна додека не ги постигнеме сите наши цели. Ова значи елиминирање на Хамас, враќање на сите заложници дома и обезбедување Газа повеќе да не претставува закана за Израел, рече Нетанјаху, цитиран од израелската телевизија.

Друга палестинска милитантна група, Исламски џихад, нема да склучува никакви договори во кои се вклучени израелски заложници без гаранции за сеопфатен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Појасот Газа. Ова денеска го изјави лидерот на движењето Зиад ал Нахла.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести