Германските компании од 1 февруари ќе воведат експериментална четиридневна работна недела и ќе ја мерат продуктивноста на работниците.
Експериментот во кој ќе има 45 компании ќе трае шест месеци, а вработените ќе ги задржат сегашните плати и покрај намалениот број на часови, пишува Блумберг. Целта на овој експеримент е да се провери дали тврдењата на синдикатите дека луѓето кои работат помалку не само што се посреќни и поздрави туку и поефикасни на своите работни места.
„Апсолутно сум убеден дека инвестирањето во нова работа се исплати бидејќи ја зголемува благосостојбата и мотивацијата, а со тоа и ефикасноста“, рече Сорен Фрике, ко-основач на фирмата за планирање настани Solidsense, една од 45-те фирми кои ќе бидат дел од студијата. .
„Четиридневната недела, ако функционира, нема да нè чини ништо на долг рок“, додава тој.
