4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Унгарската влада смета дека една од слабостите на сегашната Европска унија е тоа што се меша во внатрешната политика на нејзините членки

Унгарската влада смета дека една од слабостите на сегашната Европска унија е тоа што се меша во внатрешната политика на нејзините членки.

Унгарија е отворена за понатамошни договори со Европската комисија за натамошно одмрзнување на фондовите на Европската унија, но има „црвени линии“ во однос на ЛГБТ лицата и миграцијата, изјави денеска помошникот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергељ Гуљаш.

Тој го обвини Брисел за лицемерие во реакцијата на споровите, посочувајќи дека ЕУ одлучила да ги игнорира неодамнешните конфликти околу судските и медиумските реформи во Полска, пренесува Ројтерс.

Европската унија е виновна што се меша во внатрешната политика на нејзините членки“, рече тој, истакнувајќи дека реакциите на Брисел на настаните во Полска укажуваат дека со Европската унија владее „лицемерна банда“.

Гуљаш рече дека Унгарија е далеку од постигнување договор со Европската унија за помош на Украина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести