7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Макрон: Франција ќе продолжи да се „превооружува“ кога станува збор за безбедносните прашања

„Само еднаш во сто години можете да бидете домаќини на Олимписките и Параолимписките игри, само еднаш во илјада години можете повторно да изградите катедрала“, рече Макрон. „2024 година ќе биде година на решителност, на резолуции, на закрепнување, на гордост. Всушност, година на надеж“.

Макрон ѝ се обрати на јавноста преку телевизија по повод новогодишната прослава.

Во оваа прилика низ целата земја ќе бидат распоредени 90.000 полицајци и 5.000 војници поради „многу големата“ терористичка закана.

Франција ќе продолжи да се „превооружува“ кога станува збор за безбедносните прашања, но и ќе го зајакне јавното образование и социјалната кохезија, рече Макрон.

Со овие зборови, Макрон се обиде да ги охрабри Французите по една година одбележана со војни и кризи во странство, како и протести поради непопуларната пензиска реформа и уличното насилство по полициското убиство на тинејџер во Париз.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести