8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Приведен штипјанец по централна потерница за издржување казна затвор од три и пол години

Денеска (18.12.2023) во 11.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.С.(41) од Штип, со живеалиште во Скопје.
Тој бил баран по централна потерница, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 186 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Лицето е предадено во Полициска станица Гази Баба, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести