ОН соопштија дека глобалната хуманитарна перспектива за 2024 година е „мрачна“, со конфликти, климатски вонредни состојби и економии во колапс што „прават хаос“ на најранливите.
Додека глобалното внимание се фокусира на конфликтот што беснее во Појасот Газа, ОН соопштија дека Блискиот Исток, Судан и Авганистан се меѓу жариштата на кои исто така им се потребни големи операции за меѓународна помош.
