5.8 C
Skopje
недела, март 3, 2024

Еве како да се ослободите од мамурлакот

Ако размислувате да испиете неколку аспирини за да си помогнете, овој пат пробајте некои од изненадувачки едноставните алтернативи кои можат да помогнат при мамурлакот.

Тим експерти од Abakus Foods рече дека ѓумбирот помага да се спречат нагоните за повраќање, а топла бања може да го стимулира лимбичкиот систем.

Овде ви ги откриваме петте најдобри лекови за мамурлак кои ќе ви помогнат да ја „преживеете“ сезоната забава до зори.

1. Фруктоза

Фруктозата му помага на метаболизмот побрзо да го свари алкохолот, што значи дека тие неколку чаши „што подобро да ги немате“ многу побрзо ќе поминат низ системот за варење, а вие побрзо ќе се чувствувате подобро. Пробајте мал природен овошен оброк, кој содржи фруктоза и калиум, како што се авокадо, киви, портокали и банани, пишува My Food Data.

2. Масна храна

Веќе долго време луѓето си кажуваат колку е добро да се јаде помрсна храна откако ќе се испие премногу, а факт е дека мрсната пица и хамбургерите помагаат, но само ако се јадат пред алкохолот. Дополнителното масло во цревата ја забавува апсорпцијата на алкохолот.

3. Ѓумбир
Чајот од ѓумбир помага при мамурлак и гадење. Го намалува чувството на болка и вознемиреност во абдоменот. Зашеќерениот ѓумбир е добар и за мачнини.

4. Потење

Вежбајте или направете си топла бања и испотете се. На овој начин ќе му помогнете на вашиот лимфен систем полесно да ги исфрли токсините од телото. Избегнувајте ја сауната бидејќи прекумерното потење може да резултира со дехидрација и намалување на шеќерот во крвта, пишува Daily Mail.

5. Спиење
Ова е сепак најдобриот начин за опоравување – од болест, замор, стрес, па дури и од мамурлак. За време на спиењето, органите имаат можност да се опорават и обноват. Во случај на мамурлак, вашиот црн дроб работи напорно за да го разгради алкохолот во вашето тело, а спиењето ќе му помогне да закрепне што е можно побрзо.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести