Најбогатиот човек на светот Илон Маск повторно го привлече вниманието на себе! Лут на огласувачи кои пред 10 дена донесоа одлука да престанат да се рекламираат на неговата социјална мрежа Х поради неговите јавно искажани ставови, Маск, одговарајќи на прашања за време на Самитот DealBook 2023, рече дека нема простор за уцени.
– Дали некој мисли дека може да ме уценува со рекламирање? Не се рекламирајте. Мене да ме уценуваат со пари? Е**те се, рече Маск за време на разговорот со Ендрју Рос Соркин.
– Немам проблем со омразата. Нека ме мразат – заклучи Маск, кој во изминатиов период беше обвинет за екстремно десничарски ставови во своите твитови.
Тој ги нарече своите твитови кои предизвикаа критики од Вашингтон „една од најглупавите, ако не и најглупавите работи“ што ги „направил на платформата. Жал ми е за тој твит или објава“, додаде тој.
