Пратка со помош е доставена до засолништето на ОН во бегалскиот камп Џабалија, на север од Појасот Газа. Тоа е првпат таму да се доставува помош од почетокот на војната во Газа. Шест камиони пристигнаа таму во понеделникот, соопшти денеска Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).
Подрачјето беше отсечено и без помош речиси 50 дена.
