18.8 C
Skopje
петок, ноември 20, 2026

Викенд хороскоп

Овен

Наскоро ќе почнете да чувствувате слобода. По неколку недели на интензивна активност, викендот ви носи можност добро да одморите и да ги пречекате со отворени раце, можностите кои доаѓаат. Прифатете го предизвикот, вие и онака сте знак кој сака предизвици. Ако нешто не функционира, време е да го признаете тоа. 

Бик

Викендот ви носи можност да работите на почувствителни теми, за да можете да ги пуштите од својот живот. Бидете подготвени да нурнете во длабокот и да навлезете во суштината на финансиските, професионалните и емоционалните теми. Успехот треба да дојде според вашите сопствени правила, а не од страна. Ако имате некои планови кои сакате да ги реализирате, подобро е да почекате неколку дена.

Близнаци

Ако вашиот љубовен живот беше потивок од вообичаено, работите би можеле да се подобруваат. Без оглед на сè, важно е да се поврзете со другите луѓе. Секоја соработка може да биде корисна за вас овој викенд, што и да изберете. Во сабота би можеле да бидете внимателни за сè, но истовремено ќе имате и поголема потреба од спонтаност во вашиот живот. Пробајте го непознатото, тоа може да ве однесе на нови места и да ви помогне да научите многу.

Рак

Посакувате вашиот живот да биде интересен, но не правите многу за да ги смените своите навики. Но, за време на викендот, некои работи се менуваат. Ќе имате и поголема енергија, а тоа може да ве инспирира да се приклучите на некој спорт или друга физичка активност. Само тргнете и видете како ќе се чувствувате.

Лав

Активниот Марс влегува во вашиот динамичен сектор, што ќе ве направи поактивни и ќе ве поттикне да се активирате во полиња кои ви се интересни. Освен тоа, ќе имате и поголема потреба да му ги покажете своите таленти на светот. Подготвени сте за дополнителна работа? Овој викенд ви носи шанса за тоа.

Девица

Викендот ви носи фокус на домашните теми, бидејќи Марс е присутен во тој сектор веќе неколку недели. Ако досега сте избегнувале некои обврски или важни теми, ќе биде потребно да се насочите на нив, овие денови. Подготвени сте да имплементирате нов план? Ако посакувате да се преселите на ново место, ова се одлични денови за тоа. Авантурите се пред вас.

Вага

Викендов, нема да сакате да бидете дома, туку да минувате време со своите пријатели. Инволвирајте се повеќе во нивните животи, во смисла на тоа да ги ислушате за она што ги мачи и да им помогнете да дојдат до решенија. Некои луѓе нема да ви одговараат, но тоа е сосема во ред. 

Скорпија

Финансиите се главна тема за вас. Какви планови имате за следната година? Ако имате нови идеи за да заработите повеќе, ќе успеете да ги пренесете во пракса. Но, не дозволувајте да трошите премногу, оставете го тоа за празничната сезона. Марс се спојува со Сатурн во сабота, а тоа ви носи борба за завршите нешто на што сте посветени веќе некое време. Колку и да притискате, може да биде и толку потешко. Но, оставете ги работите да се одвиваат сами од себе.

Стрелец

Марс е во вашиот знак каде ќе остане цели шест недели, што може да ве направи порасположени и поподготвени за нови авантури. Бидете охрабрени да тргнете во остварување на некој свој сон или да се посветите на некоја идеја која е на вашиот ум. 

Јарец

Ве очекува прилив на енергија во вашиот приватен сектор што може да донесе проблеми кои се криеле под површината некое време. Тие би можеле да се појават во вашиот живот во чудни времиња, кога сте будни ноќе. Ако имате можност, пробајте медитација или јога или пак друга пракса која ќе ви помогне да ги смирите емоциите. Некој во вашиот живот не може целосно да ви се посвети, а вие чувствувате потреба да направите притисок. Ве очекува и романтична средба која ќе дојде изненадно во вашиот живот.

Водолија

Оживува вашиот социјален живот и добивате барања од сите страни. Некако како сите да сакаат да минуваат време со вас, но вам ви е важно да споделувате убава енергија со луѓето. Ако имате некаква идеја на ум, добро би било да се здружите со друга личност. Тоа може да ви донесе успех. Во сабота би можеле да се соочите со судир на идеи и ставови со своите пријатели, но не дозволувајте тоа да биде нешто огромно.

Риби

Марс престојува во вашиот сектор н одговорност, што може да ви помогне да посветите повеќе време на некоја цел или амбиција. Време е да погледнете на поголемата слика. Во сабота и недела, вие би можеле да си бидете себеси најголем непријател, но не носете одлуки базирани на вашите мисли. Разговор со пријател кој поминал низ слична ситуација би можел за вас да биде повеќе од добредојден. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести