8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ФБИ му го заплени телефонот на градоначалникот на Њујорк

Запленувањата се поврзани со истрага за корупција за да се утврди дали Адамс договарал со владата и турските државјани во кампањата за градоначалник на Њујорк во 2021 година.

„Во понеделникот вечерта ФБИ му пријде на градоначалникот по настанот. Градоначалникот веднаш одговори на барањето на ФБИ и ги предаде електронските уреди“, рече Бојд Џонсон, адвокат на кампањата, во изјава испратена до АФП. „Тој не е обвинет за никакво кривично дело и продолжува да соработува со истрагата“, додаде тој.

Федералната истрага за кампањата на Адамс стана јавна минатата недела кога агенти на ФБИ упаднаа во домот на собирачот на средства за неговата кампања, 25-годишната приправничка Брајана Сагс, каде што заплениле компјутери, мобилни телефони и папка со ознака „Ерик Адамс“.

Минатата недела, по претресот, градоначалникот ненадејно го напушти Вашингтон, каде што требаше да се сретне со лидерите на Белата куќа и конгресот во врска со приливот на мигранти во неговиот град, и се врати во Њујорк. Адамс во соопштението за медиумите рече дека нема што да крие и дека ќе продолжи да соработува во истрагата.

„Њујорк тајмс“ пишува дека претресот во домот на Сагс бил со цел да се пронајдат докази за таен договор во кој учествувале изборниот штаб на градоначалникот, турската влада и градежна компанија во Бруклин во турска сопственост.

Истрагата има за цел да утврди дали донациите од турската влада и турските граѓани биле исплаќани на Адамс преку систем во кој имало лажни донатори. Врската помеѓу запленувањето на уредите на Адамс и претресот на домот на Брајана Сагс се уште не е јасна.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести