-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Хрватска e најпосакувана европска туристичка дестинација

Откако престижниот Lonely Planet неодамна ја вклучи Хрватска меѓу првите 10 земји за посета во наредната година, уште слични вести доаѓаат од друг угледен британски туристички медиум.

Станува збор за Wanderlust, еден од најпознатите и најстарите туристички магазини во светот, чии читатели ја прогласија Хрватска за најпосакувана европска дестинација како дел од натпреварот Wanderlust Reader Travel Awards.

Wanderlust ја опиша Хрватска како скапоцен камен на Јадранот, украсен со впечатливи островски пејзажи, богато културно наследство и прекрасниот историски град Дубровник, кој минатата година ја освои категоријата за најпосакуван европски град.

„Оваа награда е големо признание и уште една потврда за квалитетот на нашата туристичка понуда. Посебна вредност дава и тоа што избираат читателите, кои на крајот се наши гости и кои ја препознаа Хрватска како најпосакувана европска туристичка дестинација“, изјави Николина Брњац, министерка за туризам и спорт.

Прогласувањето на резултатите се одржаа во Британскиот музеј во Лондон, во склоп на најголемиот светски туристички саем World Travel Market (VTM).

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести