7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Холандската полиција запленети 7,7 тони кокаин

Холандската полиција вчера соопшти дека уапсила шест мажи северно од Ротердам, откако истовариле најмалку 7,7 тони кокаин од камион со банани.

Камионот со дрога го забележала царината во Антверпен, која потоа ги известила своите холандски колеги. Полицијата го следела камионот до Блајсвајк, село северно од Ротердам, и кога кокаинот бил истоварен, тие тргнале во акција. „Кога бил изваден товарот, интервенирала Специјалната интервентна служба (ДСИ), при што биле уапсени 43-годишниот полски возач и пет лица кои го истоварале товарот“, објаснуваат тие во соопштението за медиумите.

Приведени се тројца Холанѓани на 41, 49 и 60 години и двајца Белгијци на 21 и 48 години, додаде холандската полиција, нагласувајќи дека не може да ја исклучи можноста за други апсења. „Истоварувале камион со најмалку 7.700 килограми кокаин“, се наведува во соопштението.

Ова е втора голема заплена во последниве месеци, откако повеќе од осум тони кокаин беа запленети во пристаништето во Ротердам во јули во контејнер со банани што пристигна од Еквадор. Холандската царина неодамна извести дека во првата половина на 2023 година запленила повеќе од 29.702 килограми дрога, што е повеќе отколку во истиот период минатата година (22.009 килограми).

Холандија и Белгија со Шпанија се меѓу првите три земји во Европа за испорака на кокаин главно од Панама, Колумбија и Еквадор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести