2.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Фон дер Лајен: Ќе мора да бидеме построги кон мигрантите

„Ова мора да биде јасно. Имаме меѓународни обврски, ги исполнуваме, тоа го правевме во минатото и го правиме сега. Но, ние како Европејци одлучуваме кој и под кои околности доаѓа во Европа, а не шверцерите“,нагласи Фон дер Лејен при пристигнувањето на самитот.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за регулација за кризни состојби во случај на голем прилив на мигранти, со што Унијата се приближи до конечниот договор за пактот за миграција и азил. Фон дер Лејен рече дека тоа е важен дел од целокупната сложувалка на пактот за миграција и азил.

„Колку сме подобри со законските рути и хуманитарни коридори, ќе можеме и ќе мора да бидеме построги со враќањето на оние кои не ги исполнуваат условите за азил“, рече Фон дер Лејен.

Договорот ја претставува заедничката позиција на земјите-членки врз основа на која ротирачкото претседателство ќе преговара за конечниот текст на законот со Европскиот парламент. Унгарија и Полска го критикуваа договорот, а најостар беше унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој рече дека Будимпешта и Варшава биле принудени да прифатат нешто против што се против и дека ќе биде невозможно да се постигне конечен договор за миграцијата.

„Законски гледано, ние сме силувани. Ако сте законски силувани и принудени да прифатите нешто што не ви се допаѓа, како е можен компромис? – изјави Орбан.

Предлогот за регулатива за кризни состојби во случај на голем прилив на мигранти, меѓу другото, предвидува и брзо активирање на механизам за солидарност со земјите на надворешните граници на ЕУ кои се соочени со голем прилив на мигранти, според што другите земји-членки би прифатиле одреден број од овие лица или би дале финансиски придонес. Словачка сега се соочува со овој проблем. Од почетокот на годинава во земјата влегле 40.000 илегални мигранти.

Чешка, Полска и Австрија одлучија да воведат привремена гранична контрола со Словачка. Тие контроли се во сила до 13 октомври, но може да бидат продолжени. Реакцијата на Братислава беше да воведе свои привремени контроли долж границата со Унгарија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести