Близнаци
Први на нашата листа се Близнаците, познати по својата разиграност и отвореност за нови искуства. Тие се енергични, „живи“ и сакаат да бидат во центар на внимание. За да го освоите срцето на Близнаците, клучно е да бидете искрени, забавни и иновативни. Тие го ценат добриот разговор и смислата за хумор.
Стрелец
Стрелците се познати по својата авантуристичка природа и љубов кон патувањата. Тие се слободоумни, искрени и многу оптимистични. За да го освоите срцето на Стрелецот, важно е да ја покажете својата страст кон истражувањата и подготвеноста заедно да тргнете кон некоја авантура.
Вага
Вагите се познати по својата љубов кон хармонијата и рамнотежата во животот. Тие се шармантни, друштвени и сакаат елегантни работи. За да ја освоите Вагата, особено треба да покажете заинтересираност за нив и добри манири, но и да бидете љубезни.
