9.8 C
Skopje
сабота, март 2, 2024

Еве како до квалитетен сон

Повеќето луѓе го сакаат моментот кога после напорниот ден носат меки пижами кои даваат удобност. Особено е пријатно да се почувствуваат природни материјали како свила или памук на кожата.

Меѓутоа, во последно време, производителите сè почесто прават пижами од синтетички материјали. Цените на овие пижами се многу прифатливи, па луѓето се почесто ги купуваат, не знаејќи дека тие всушност влијаат на квалитетот на сонот.

Д-р Ниши Бопал вели дека облеката во која легнуваме навистина влијае на сонот и истакнува дека постојат начини како да се обезбеди мирен сон.

Според д-р Бопал, удобноста е клучна. Сè додека облеката во која спиете ви дава добро и пријатно чувство, вашиот одмор веројатно нема да биде нарушен. Затоа земете ги во предвид материјалите како памук, лен, волна и свила.

– Основната телесна температура природно ви опаѓа навечер, за време на подготовката за спиење, па затоа одржувањето на ниска температура е клучно. Секоја облека што ве затегнува или ве поти може да го наруши – објаснува Бопал.

Бопал додава дека добро решение се и душеците и постелнината кои не ја одржуваат температурата.

Докторката истакнува дека инвестирањето во квалитетни пижами е секогаш добар избор.

– Не треба да се заборави фактот дека поминуваме повеќе од осум часа во пижами. Квалитетните материјали се добри за нашето здравје, кожата и спиењето. Пижамите имаат и психолошки ефект врз човекот, бидејќи кога ги носи, човекот знае дека сите обврски за тој ден се подготвени и се чувствува мирно – заклучува д-р Бопал.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести