3.8 C
Skopje
понеделник, март 4, 2024

Расчистено разбојништво во Тетово, приведено лице од гостиварско

На 21.09.2023 околу 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово  ја лишиле од слобода 30-годишната М.И. од гостиварски Вруток. Таа претходно била пријавена од 81-годишниот Р.М. од тетовски Челопек дека во близина на спортската сала во Тетово со употреба на сила му одзела пари, клучеви од возило и лични документи. Инаку, М.И. била барана со потерница за доиздржување на затворска казна од две години. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветен поднесок.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести