17.8 C
Skopje
петок, мај 10, 2024

Грковска: Професионалците со интегритет да се обединат и да бидат погласни, само така ќе се избориме за праведно општество

„Убедена сум дека жените и младите се носители на позитивните промени во општеството. И затоа ми е драго што денеска ја прошируваме мрежата за соработка и поддршка на жени, кои се или биле вклучени во напорите за промоција и вградување на принципите за добро владеење, за превенција и справување со корупцијата, но и за поддршка на младите од регионот, за да се обединат во зголемување на притисокот за градење на општества засновани на интегритет, чесност и одговорност“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на втората регионална конференција на Форумот на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција, која денеска се одржува во Скопје, со поддршка на Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.

Вицепремиерката Грковска го модерираше првиот панел во рамки на конференцијата, посветен на жените во сферата на правдата и на корупцијата во правосудниот систем, на кој учествуваа: Мирјана Лазарова Трајковска, судијка во Врховниот суд на Северна Македонија и поранешна судијка во ЕСЧП, Ина Рама, судијка во Специјалниот Апелационен совет при Уставниот суд на Република Албанија, Ленче Ристовска, јавна обвинителка и прв обвинител за врска на Република Северна Македонија со Eurojust – Агенција на ЕУ за соработка во областа на кривичното право, Бојана Савовиќ, заменик-обвинителка во Вишото јавно обвинителство во Белград, Република Србија и Јелена Перовиќ, директорка на Агенцијата за спречување на корупција на Црна Гора.

Еминентните говорнички споделија свои лични искуства во вршењето на својата професијата и за состојбата во стручната фела. Тие беа согласни дека жените се навистина бројно застапени во земјите од целиот регион, но дека тоа не ја одразува реалната моќ и застапеноста на одлучувачко ниво. Осврнувајќи се на родово заснованите ризици во вршењето на одговорните задачи во борбата против криминалот и корупција, тие се осврнаа на притисоците и омаловажувањата на кои биле подложени.

,,Клучна е политичката волја. Ние, политичарите треба да бидеме пример за работење со интегритет и понатаму тоа да го бараме од останатите“, истакна вицепремиерката Грковска и додаде дека зголемувањето на личниот интегритет е важно на сите општествени нивоа, како и транспарентоста во работењето, за граѓаните да имаат вистинска слика за состојбите.

Сумирајќи ги излагањата на панелистиките таа заклучи дека општата атмосфера на неказнивост ги дерогира нашите општества, како и двојните стандарди и немањето доволно солидарност за лугето со интегритет.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести