27.8 C
Skopje
среда, јуни 12, 2024

Милош Биковиќ чека бебе

Девојката на Милош Биковиќ, според српските медиуми, е бремена, а многумина се прашуваат која е убавицата која успеа да го освои срцето на еден од најпосакуваните Срби.

Српските медиуми вчера објавија дека популарниот актер и продуцент Милош Биковиќ наскоро ќе стане татко.

Според српски Блиц, еден од омилените актери во Србија, на Балканот, но и во Русија, кој истовремено напорно работи во театар, на филм и снима успешни серии, моментално го очекува своето прво дете со девојката Ивана Малиќ.

Наводно партнерката на Милош Биковиќ е во поодмината бременост и се чувствува одлично, а познато е дека актерот не сака да зборува за приватниот живот за медиумите, па не треба да очекуваме многу да коментира за оваа вест.

Ивана Малиќ првпат беше поврзувана во медиумите со Милош Биковиќ во 2021 година, а актерот не ги коментираше наводите дека повторно е среќно заљубен.

Наскоро, сепак, на сите им беше јасно, кога се појави на премиерата на филмот „Јужен ветер 2“ во друштво на новата девојка.

Како што се пишуваше, Ивана Малиќ е од Црна Гора, поточно од прекрасниот приморски град Бар, а има диплома по право. Таа е блиска роднина со учесникот во реалните емисии, Владимир Томовиќ, но за разлика од него, таа не е склона да го разоткрива својот приватен живот.

Девојката на Милош Биковиќ важи за дама со стил и изгледа елегантно во секоја прилика, па на црвениот тепих лесно можете да се збуните дека е некоја актерка или модел.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести