9.8 C
Skopje
четврток, февруари 29, 2024

Акциска контрола во угостителски објекти на СВР Битола: точење алкохол на малолетници, пронајдена дрога…

На 15/16.09.2023 во периодот од 23:30 до 02:10 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола  во угостителски објекти,  при  што во еден објект во Битола затекнати се 50 малолетници после полноќ, од кои 18 консумирале алкохол. Тие се предадени на нивните родители, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.
На 15.09.2023 во 22.15 часот полициски службеници од СВР Битола во угостителски објект во Битола ги лишиле од слобода Л.К.(31) од Скопје и В.М.(22)од Битола, кај кои е пронајдена бела прашкаста материја.
На 16.09.2023 во периодот од 00.00-04.00 часот на подрачје на Прилеп спроведена е акциска контрола во угостителски објекти при што во угостителски објект во Прилеп затекнато е едно малолетно лице после полноќ, кое е предадено на родителите, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести