28.8 C
Skopje
недела, април 14, 2024

Стоилковски: Укинувањето на КАТО системот, а потоа и креирање на системска мрежа за криминал со смртни последици е овозможено со силна партиска политичка поддршка!

Ова е фотографија на Нино Васев, директорот на Онкологија кој го укинува КАТО системот и го враќа рачното дозирање на цитостатици и терапии.
На оваа фотографија јасно се гледа дека е во штабот на СДС во Бутел, каде веројатно нема медицински симпозиум, туку Васев учествува во партиска индоктринација или партиска акција.
Следната фотографија е на Нухи, директор на Онкологија кој признава дека со лажни документи си го лекувал семејството на Онкологија. Фотографиран е во штабот на ДУИ, го држи во цврста прегратка Али Ахмети, веројатно благодарен за позицијата на Онкологија.
Почитувани, ова се само две од низа фотографии на директори од Онкологија по партиски штабови и активности додека трае грозоморието со пациентите.
Најмалку две години се укажува на постоење злосторничко здружување за крадење на цитостатици и други скапи лекови од пациенти на Онкологија, најмалку две години државата молкум го дозволува тоа!
Почитувани,
Прво, укинувањето на КАТО системот, а потоа и креирање на системска мрежа за криминал со смртни последици е овозможено со силна партиска политичка поддршка! Поинаку не може.
Изговорено или премолчено, СДС, ДУИ, нивните сателити во криминалот, сите се одговорни за грозоморието.
Почитувани, отворено се сомневаме на можноста за влијание во истрагата и процесот, како многу пати до сега.
Оставка на Владата е предуслов за вистинска истрага за висок криминал со смртни последици.
Се друго ќе е сокривање на вистината и изигрување на правдата со обвинување на некој нов кабел!
Се краде од буџетот, се краде од клиниките, се краде од пациентите, се бара мито, се продава на црни пазари… Ова е се’, само не здравство, ова е се’, само не Влада!
Само избори се спасот!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести