9.8 C
Skopje
сабота, март 2, 2024

ОВА Е ЧОВЕКОТ КОЈ АРКАН ГО ДОНЕЛ ВО БЕЛГРАД ЗА ДА И НАПРАВИ КАРИЕРА НА ЦЕЦА (фото)

„Се сеќавам на Цеца кога ја видов на фестивалот „Илиџа“ во Сараево. Почна да пее на 14-годишна возраст, но ова беше нејзино прво поголемо појавување во јавноста. Пееше многу добро, како и денес“ – се присетува Милиќ Вукашиновиќ и открива како Жељко Ражнатовиќ – Аркан, му понудил да дојде во Белград, за да и направи албум на Цеца, а тој му обезбедил хотелско сместување и храна.

„Дојдов во Белград затоа што Аркан сакаше да и направам песни за албум на Цеца. Јас се’ уште бев во Сараево, кра*ев струја, имав мал телевизор и не ми се веруваше кога ја видов Цеца, таа сè уште пееше во некои панталони на штрафти, а јас останав без текст. А надвор паѓаа гра нати.

Аркан преку еден од моите менаџери ми испрати порака да дојдам во Белград. Шест месеци ми плаќаше сè во хотел „Југославија“ и ми обезбеди сè само за да го направам албумот на Цеца, вели Милиќ и додава:

„Навистина заминав затоа што бев без пари. Во Босна беснееше во*на. Се договоривме, три месеци,престојував во хотелот „Југославија“, иако не ми се допаѓаше таму. Реков: „Не можам да бидам во овој хотел, одам во „Унион“. Аркан ги обожаваше моите песни со Ханка Палдум. Со неа направив револуција во музиката и заработив големи пари. Тоа беа хитови кои направија пресврт во народната музика, ја превртеа наопаку “.

Тој исто така објаснил дека соработката со Цеца ја прекинале поради Марина Туцаковиќ.

„Не и одговараше на Марина Туцаковиќ да соработува и со мене и со Цеца. Сепак, Цеца беше врзана за Марина, а потоа се водеше бор *а… Не и одговараше на Марина да работам со Цеца затоа што јас ги правев и текстот и музиката, а таа пишуваше само текстови на готова музика“.

„Тогаш јас и реков: „Еве ти ги сите мои песни, ако можеш да вкомпонираш подобри текстови и тие да бидат направени подобро од мојот, тогаш слободно продолжете. Марина и неколку нејзини соработници влијаеја на мојата соработка со Цеца во деловна смисла, за таа да не продолжи“ – резимира стариот рокер и фолк „стармејкер“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести