11.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Приведен криумчар на мигранти

На 27.08.2023 во 17.50 часот во Куманово на место викано „Света Мина“ од полициски службеници од Mобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти. Тој управувајќи возило „ауди“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести