5.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Британскиот премиер не пријавил дека сопругата е во здружение, кое прима владини грантови

Даниел Гринберг, комесар за стандарди во Долниот дом на општините, заклучил дека прекршувањето на кодексот дошло поради „збунетоста“ на премиерот околу правилата за пријавување на уделот на неговата сопруга во здружението „Кор Кидс“ и дека грешката е направена „ненамерно“. Затоа, комесарот ја затворил истрагата што беше отворена во април на барање на опозициските либералдемократи.

Тие повикаа на истрага откако медиумите објавија дека Акшата Мурти е акционер во агенција која ќе има корист од владините грантови за грижа за деца. Сунак го пријавил уделот на неговата сопруга во министерскиот регистар, откако не го спомнал во одговорот на прашањето на член на парламентарната комисија.

Британскиот премиер се извинил што неговото писмо до комисијата од април годинава „не било доволно темелно“. Лидерот на лабуристите Ангела Рајнер рече дека случајот е доказ дека на системот му е потребен целосен ремонт.,

„Лабуристите ќе го зајакне системот, ќе ја зголемат транспарентноста и ќе формираат независна комисија за етика и интегритет“, посочи таа. Во посериозни случаи на прекршување на кодексот, прашањето може да се достави до одборот, кој може да наметне санкции, вклучително и суспензија на плаќањето

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести