-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Обединетото Кралство бележи најголем број азиланти во последните две децении

Обединетото Кралство, во периодот јануари-јуни годинава забележало најголем број апликации за азил во последните две децении, достигнувајќи историски максимум.

Податоците ги обелоденува Министерството за внатрешни работи, а ги пренесува британскиот весник „Дејли мејл“, кој пишува дека биле поднесени 78.768 барања за азил или 19 отсто повеќе со периодот пред една година.

– Списокот го предводат албанските имигранти со 11.790 апликации, при што 7.557 од нив пристигнале во Обединетото Кралство со моторни чамци, што сепак е помал број споредено со истиот период минатата година. По нив се Авганистанците, со 9.964 пријави, јавија албанските медиуми.

Новите статистички податоци објавени од британското Министерството за внатрешни работи покажуваат зголемување од 63 отсто и на бројот на лицата кои пристигнале во Велика Британија со работни визи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести